Бизнис
5. December 2016 - 19:59

Прирачник за компании кои сакаат да извезуваат на Блискиот Исток и во земјите од Магреб

Македонските фирми да почнат да ги oсвојуваат пазарите на Блискиот исток и земјите од Северна Африка по името Магреб. Со популација од 400 милиони жители тие се атрактивна извозна дестинација. Сепак домашните компании многу малку тргуваат со овие земји. Немаат ниту информации за нив. Повеќе се насочени кон нивните традиционлани партенри во Европа и регионот.

Воените конфликти во некој држави , специфичните култура обичаи, начин на тргување, правна регулатива се потенцирани како причини за слабата соработка со овие земји.

Последниве пет години вкупната размена со овие земји изнесува 430 милиони долари. Најмногу се соработува со Израел најмалку со Бахрејн, Јордан, Кувајт, Сирија, Либија.