Бизнис
22. јуни 2017 - 19:52

Приносите со јачмен помали за 10 пати

Жетвата на јачмен од годинашнава реколта е во полн ек. Земјоделците од штипско-Карбинскиот регион,  велат дека лошите временски услови, пролетните мразеви и сушата се причина за катастрофалниот принос, кој годинава ќе биде за 10 пати помал од просечниот.

-За сега е лошо. Дали ќе имам по 20 килограми од декар или 200 кг. од хектар, како сакате. Нема, многу е слабо, но гледаме да не остане по нивите, да се собере-изјави земјоделец од штипско

Според првичните  приноси, слична ќе биде состојбата и со пченицата. Кај лебното жито родот ќе потфрли повеќе од половина, што на произведувачите не им ги покрива ни основните трошоци.

-Само за комбајнот нема да имаме да платиме, а каде е прскање, орање, ѓубрење. Нема шанси да се покријат трошовите, изјава земјоделец од Карбинско

Актуелните откупни цени и нискиот принос  ќе ги приморат земјоделците да се преорентираат кон други подоходовни култури како пченка на пример, но ќе мора да инвестираат во обезбедување на инфраструктура за наводнување.