Принцот Џорџ главна ѕвезда на крштевката на сестра му Шарлот
Вчерашната крштевка на принцезата Шарлот денеска е главна тема на британски медиуми, кои настанот го оценуваат како „голем медиумски спектакл“.
Крштевката на малата принцеза Шарлот се одржа во црвката „Св. Марија Магдалена“ на кралскиот имот во Сандригам.
Покрај членовите на кралското семејството, на крштевката присуствуваа и кумовите, братучедот на Кејт, Адам Мидлтон и братучедата на Вилијам, Лора Фелоу. За жал, чичкото, принцот Хари не присуствуваше на прославата, бидејќи беше во посета на Африка.
Иако крштевката беша приватна, околу црквата се собраа неколку илјади граѓани, новинари и фотографи за да ја видат принцезата.
Британските медиуми пишуваат дека иако се очекуваше принцезата Шарлот да биде главна ѕвезда на настанот, вниманието на фотографите го привлече миленикот на јавноста, нејзиниот брат, принцот Џорџ.
Во еден момент Џорџ сам се упати кон црквата, но родителите сепак го „спречија“. И додека Кејт и Вилијам кратко разговараа со толпата народ, ѕвездата Џорџ „реши“ да им позира на фотографите.
Принцезата Шарлот беше облечена во реплика на фустан од тантела и сатен што во 1841 година бил сошиен за најстарата ќерка на кралицата Викторија, а за репликата се погрижи кралската кројачка Анџела Кели.
Ова е првпат јавноста да ја види Шарлот по излегувањето од болница.
Во истата црква е крстена и мајката на Вилијам, принцезата Диана, а се работи за храм каде кралското семејство традиционално се собира за Божик.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана