Џет-Сет
26. September 2016 - 10:33

Принцот Џорџ доби кралски дочек, но повеќе го интересираа хеликоптерите

Британскиот принц Вилијам и сопругата Кејт пристигнаа викендов во Британска Колумбија, која е прва етапа од нивниот осумдневен престој во Канада, каде ќе ги посетат спектакуларните природни убавини и ќе се сретнат со бегалци и со претставници на американските домородци.

Вилијам, држејќи го синот Џорџ за рака и Кејт со ќерката Шарлот во рацете, излегоа од авионот, при што им беше приреден величествен дочек.

Принц Џорцџ 1

Но, тригодишниот принц Џорџ, при целата церемонија повеќе беше заинтересиран за хеликоптерите што го надлетуваа аеродромот, отколку за кралскиот протоколот, што не мина незабележано од медиумите. 

Принц Џорџ 2

Од аеродромот кралското семејство замина во преубавата викторијанска вила која наредните денови ќе биде нивни дом.