Принцезата Ана против својот брат Чарлс за генетски модифицираната храна
Британската принцеза Ана, единствената сестра на престолонаследникит Чарлс, јавно се спротивстави на силното залагање на својот брат за целосна забрана на генетски модифицираните житарки и храна.
Во интервју за Би-Би-Си, принцезата изјави дека генетски модифицираните растенија „имаат голем придонес за производството на храна“.
Принцот Чарлс кој како голем поборник за заштитата на човековата околина, долго време води кампања против земјоделските семиња од кои се добива генетски модифицирано производство.
Повеќепати досега престолонаследникот предупредувал , во Британија и на разни форуми низ светот, дека доколку дојде до масовно користење на ваквите семиња, планетата Земја би се соочила со „најголемата еколошка катастрофа“.
Неговата сестра, меѓутоа, во телевизиското интервју рекла дека таа, на својата фарма, би одгледувала растенија добиени со генетски модификации.
Според лондонските медиуми, ова е првпат, сестрата и братот, или кој било член од потесното кралско семејство, јавно, да ги спротивставуваат своите погледи.
Чарлс и Ана се првите две, од вкупно четирите деца на британската кралица Елизабета. Другите двајца, се синовите Ендрју и Едвард.
Принцезата Ана, иако е ангажирана во британскиот Олимписки комитет, ретко се појавува со реакции во јавноста, а уште помалку дава телевизиски интервјуа.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК