Свет
23. February 2016 - 16:43

Примирјето во Сирија започнува на 27 февруари

Прекинот на огнот во Сирија ќе стапи во сила на 27 февруари, соопштија САД и Русија. За примирје лично се заложи претседателот Путин.

Косовската опозиција од денеска кампува пред зградата на владата во Приштина.  На улиците е засилено присуството на полицијата. Опозицијата бара вонредни избори  во земјата. Во исто време започна судењето на опозиционите пратеници, меѓу кои лидерот на самопределување Албин Курти.

Претседателот Оланд призна дека нуклерните проби  кои Франција ги вршела  во Полинезија  во перодот од 60 тите до дветеститре години на минатиот век,  имале штетно влијание врз здравјето на населението.

Тој вети и компензација за жртвите. Франција во текот на три децении извршила околу 200 нукеарни тетсови во овие подрачја. Собранието на француска Полинезија мината година од Париз побара отшета од милијарда долари.