Фудбал
6. December 2015 - 9:36

Примера: Валенсија одигра нерешено со Барселона

 

Барселона водеше се до 86.минута на синоќешното гостување кај Валенсија, но не успеа да го зачува голот до крај и ја прекина победничката серија. Луис Суарез погоди за каталонскиот тим во 59.минута, Санта Мина изедначи во финишиот и обезбеди бод за тимот од „Местаља“.

Нерешено со ист резултат завршија и последните две средби од 14.коло во Шпанското фудбалско првенство:
Реал Мадрид – Хетафе 4:1,
Гранада – Атлетико Мадрид 0:2,
Валенсија – Барселона 1:1,
Ла Коруња – Севиља 1:1 и 
Бетис – Селта Виго 1:1.
Двојките за денес се:
Сосиедад – Еибар,
Виљареал – Рајо Ваљекано,
Спортинг Хихон – Лас Палмас и 
Атлетик Билбао – Малага.
Табела: Барселона 34 бода, Атлетико Мадрид 32, Реал Мадрид 30, Селта 25, Ла Коруња 22, Виљареал 21,...