Фудбал
17. April 2017 - 9:55

Примера: Селта славеше на гостувањето кај Гранада

Новиот тренер на Гранада, англискиот стручњак Тони Адамс дебитираше со пораз од Селта во натпревар на кој за првпат во историјата на Гранада на теренот се најдоа 11 фудбалери од различни држави, при тоа во тимот немаше ниту еден Шпанец.
 
Резултати на четирите неделни дуели од 32.коло во шпанската Примера дивизија:
Леганес – Еспањол 0:1,
Валенсија – Севиља 0:0, 
Бетис – Еибар 2:0 и 
Гранада – Селта Виго 0:3.
 
Одиграно претходно:
Атлетик Билбао – Лас Палмас 5:1,
Депортиво Ла Коруња – Малага 2:0,
Атлетико Мадрид – Осасуна 3:0,
Спортинг Хихон – Реал Мадрид 2:3 и
Барселона – Сосиедад 3:2.
 
Колото ќе биде комплетирано вечер со средбата меѓу Алавес и Виљареал.
 
Табела: Реал Мадрид 75 бода, Барселона 72, Атлетико Мадрид 65, Севиља 62, Виљареал 54, Атлетик Билбао 53,...