Фудбал
3. October 2015 - 9:20

Примера: Селта не успеа да избие на првото место

Во првиот дуел од седмото коло во Примера Селта синоќа одигра 0:0 на домашен терен со Хетафе и со тоа испишти шанса барем до денешните натпревари да биде лидер на табелата. Инаку ова е шести дуел на Селта без пораз, додека Хетафе го одигра првиот нерешен резултат во првенството сезонава. Селта по освоениот бод е втора, зад Виљареал, додека Хетафе е на 11.место.
 
Денеска  се играат пет натпревари од оваа рунда: Севиља - Барселона, Гранада - Депортиво, Еспањол - Хихон, Лас Палмас - Еибар и Малага - Реал Сосиедад.
Дербито на колото се игра в недела меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, а покрај овој дуел истиот ден играат уште и Рајо Ваљекано - Бетис, Атлетик Билбао - Валенсија и Леванте - Виљареал.
 
Табела: Виљареал 16 бодови, Селта 15, Барселона 15, Реал Мадрид 14, Атлетико Мадрид 12, Депортиво 11,...