Фудбал
18. October 2016 - 9:42

Примера: Прва првенствена победа за Осасуна

Фудбалерите на  Осасуна ја остварија првата победа во шпанската Примера откако во рамките на 8. коло славеа кај Еибар со 3-2 и сега се претпоследни на табелата со 6 бода додека Еибар пропушти можност да се искачи кон врвот на табелата и останува на 11 бода. 

Ескаланте ги доведе домашните во водство во 20-тата секунда што е најбрзиот гол во историјата на Еибар но до крајот на првиот дел  Леон со два гола носи водство за Осасуна кое сепак е анулирано од Енрих во 45м.
Победата за гостите дојде во вториот дел преку  Торес.