Фудбал
7. April 2017 - 8:59

Примера: Победи за Валенсија и Еибар

Со одигрувањето на двата натпревара Валенсија – Селта и Еибар – Лас Палмас синоќа беше 30.то коло од Примера. На двата дуела победи постигнаа домашните екипи. Валенсија со 3:2 ја совлада Селта, а решавачкиот гол го постигна Карлос Солер во 88.минута од пенал. Еибар беше поуспешен од Лас Палмас со 3:1.
 
Резултати на другите натпревари: Леганес – Реал Мадрид 2:4, Алавес – Осасуна 0:1, Хихон – Малага 0:1, Депортиво – Гранада 0:0, Барселона – Севиља 3:0, Атлетико Мадрид – Реал Сосиедад 1:0, Бетис – Виљареал 0:1 и Атлетик Билбао – Еспањол 2:0.
 
Табела:  Реал Мадрид 71 бод, Барселона 69, Атлетико Мадрид 61, Севиља 58, Виљареал 51, Атлетик Билбао 50, Реал Сосиедад 49, Еибар 47,...