Фудбал
12. February 2016 - 15:34

Примера: На програмата дуелите од 24.коло

– Со натпреварот меѓу Хихон и Рајо Ваљекано што се игра вечерва ќе стартуваат натпреварите од 24.коло од Примера. Ова е дерби на дното на табелата бидејќи домаќинот Хихон се наоѓа на 16.место, а Рајо е на 15.та позиција. Двата тима имаат позитивни серии резултати Хихон три натпревари е без пораз (две победи), а Рајо четири натпревари нема пораз (две победи).
 
Другите дуели од оваа рунда се играат во деновите од викендот: Реал Мадрид – Атлетик Билбао, Виљареал – Малага, Валенсија – Еспањол, Депортиво – Бетис (сабота), Реал Сосиедад – Гранада, Севиља – Лас Палмас, Еибар – Леванте, Хетафе – Атлетико Мадрид и Барселона – Селта (недела). 
 
Табела: Барселона 54 бодови, Атлетико Мадрид 51, Реал Мадрид 50, Виљареал 45, Севиља 37, Атлетик Билбао 35, Селта 35,...