Фудбал
18. October 2015 - 12:13

Примера: Кога го нема Меси, тука е Нејмар

Фудбалерите на шпанскиот шампион Барселона остварија победа на синоќа одиграниот натпревар од 8.коло на Примера совладувајќи ја екипата на Рајо Ваљекано со 5:2. Белег на победата остави Нејмар, кој ги постигна првите четири гола за својот тим, а стрелец на петтиот беше Луис Суарез.
На другите натпревари одиграни вчера беа постигнати следниве резултати: Бетис – Еспањол 1:3, Валенсија – Малага 3:0, Еибар – Севиља 1:1 и Реал Мадрид – Леванте 3:0.
Денеска се играат дуелите: Виљареал – Селта, Реал Сосиедад – Атлетико Мадрид, Хетафе – Лас Палмас и Депортиво – Атлетик Билбао.
Во понеделник играат Хихон – Гранада.
Табела: Реал Мадрид 18 бодови, Барселона 18, Виљареал 16, Селта 15, Атлетико Мадрид 13, Еибар 13,...