Фудбал
14. February 2017 - 9:31

Примера: Еибар се поблиску до врвот

Фудбалерите на Еибар остварија убедлива победа на последниот дуел од 22.коло од Примера совладувајќи го тимот на Гранада со 4:0. Еибар со новите три бодови се искачи наседмото место на табелата, додека Гранада остана со 13 бодови и е на претпоследното место.
Домашната екипа поведе со голот од пенал на Адриан во 11.минута, а на 2:0 во 39.минута зголеми Серхио Енрих.  Иван Рамис во 52.минута го постигна третиот гол, а стрелец на последниот гол беше Педро Леон десет минути подоцна.
Табела: Реал Мадрид 49 бодови, Барселона 48, Севиља 46, Атлетико Мадрид 42, Реал Сосиедад 41, Виљареал 36, Еибар 35, Атлетик Билбао 35,...