Фудбал
21. September 2015 - 10:15

Примера: Два гола на Меси за победа на Барса

Екипата на Барселона славеше против Леванте со 4-1 и со максимални 12 бода изби на чело на табелата во Шпанија.

Во првиот дел немаше голови а серијата започна на почетокот на вториот и ја отвори Бартра. Следуваа головите на Нејмар и двократниот стрелец Меси додека за гостите почесен погодок постигна Каседесус.
Интересно Меси не реализира и пенал во 75м.