Бизнис
24. January 2017 - 20:32

Примателите на социјална помош новата документација да ја достават за 4 дена

Во наредните четири дена примателите на социјална помош да ја обноват документацијата за користње на овие средствата, апелираат надлежните. Досега тоа го направиле 22 илјади лица. Остануваат уште неколку илјади. Лани регистрирани биле 27 илјади корицниси на социјална помош.

Во тек е и обновата  на документацијата за детски додаток за 3 и четврто дете. Рокот е до 31 март. Според бројките на министертвото лани 814 лица оствариле право за  користење на додаток за четврто дете, а за трето  23 илјади.

Социјалната и постојаната парична помош во изминативе години се зголемија за 47 отсто.

Од министерството посочија дека во договор со комората на извршители  тие пред да ја блокираат сметката ќе треба прво да побараат податоци од центрите дали е примател на социјална помош или детска заштита и ако е во тој случај извршителот нема да смее да ги блокира средствата.