Бизнис
7. September 2017 - 20:10

Примателите на социјална помош не бараат работа за да не ја изгубат поддршката од државата

Околу 4 000 млади лица во земјава се корисници на социјална помош. Најголем дел од нив не се вработени поради стравот дека ќе го изгубат фамилирајното социјално примање. Голем дел од нив се високообразовани но и тие имаат потреба од насочување и поддршка. Колку државата се грижи за нив ?

Со помош на проект финансиран од ЕУ,  20 од нив веќе се на практична работа во приватниот сектор. Анализата покажала дека и  покрај образованието овие лица имаат потреба од помош од центрите за социјална работа.Праксата во фирмите им е неопходна за да полесно се вработат.

Повеќе од 65 % од испитаниците се со завршено средно образование,  во возрасна група од 20 до 24 години.

Крајни корисници на изготвената анализа се Министерството за труд и АВРМ. Тие треба обучените млади лица да ги вклучат во некоја од мерките за вработување, а не е исклучена можноста со помош од надлежните овие лица да почнат сопствен бизнис.

Основицата на социјалната помош изнесува 2. 831 денар. За секој следен член на домаќинството се зголемува за коефициент 0,37, а најмногу до 5 члена.