Бизнис
7. October 2015 - 20:46

Прилепските земјоделци последниве 5 години биле поддржани со 37,5 милиони евра

Ефектите од повеќегодишната финансиска помош од држвата и од европските фондови, а наменети за развој на агро- секторот, беше поводот заради кој денеска, заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски ги посети прилепските индустриски капацитети: “Агроинвест” за прозводство на добиточна храна и “Бимфуд” за преработка на шумски плодови и пиперки-ајварки.Првите искористиле средства преку Националната програма за рурален развој, а вторите преку ИПАРД- програмата.
 
Од досега постигнатите развојни ефекти благодарение на овие видови финасиска помош, задоволни се и од АФПЗР, од каде ветуваат дека ќе продолжат со партиципирањето преку кофинансирање.
 
Инаку, на годинешните јавни повици од Националната и ИПАРД програмата во регионот на трите општини Прилеп, Долнени и Кривогаштани аплицирале рекорден број на индивидуални земјоделци и компании.