Македонија
7. August 2017 - 16:57

Прилепчанец пронајден мртов во бунар

Обидувајќи се да ги наводни градинарските култури кои ги одгледувал во сопствената нива во месноста викана “Орушица”, 52- годишниот прилепчанец Златко М., вчера околу 13 часот го загубил животот, откако се спуштил во соодветно прилагодената шахта за да ја вклучи пумпата за вода. Телото на починатиот го пронашол соседот од соседната нива, откако забележал дека пумпата продолжува да работи, а Златко подолго време не се појавувал.
 
Откако пожарникарите го извадиле телото од речиси две метри длабоката бетонирана шахта, лекарите од Службата за итна медицинска помош само ја констатирале смртта. На телото не биле забележани траги на насилство, заради што како причина за смртта е наведена – труење со јагленороден моноксид, па врз телото не е извршена обдукција.
 
Според д-р Натали Спиркоска од Итната помош, најверојтано на Златко, поради присуството на издувните гасови од пумпното моторче, му се слошило, по што тој паднал во бессознание, продолжувајки да ги вдишува гасовите кои, заради високата концентрираност потоа довеле и до смрт.
Инаку, сега починатиот бил вработен во прилепската Болница како техничко лице.