Македонија
25. February 2017 - 13:31

Прилепчанец ограбен и оставен бос, му украле пари и апчиња кои ги криел во чорапите

Вчера во 22.00 часот во просториите на ПС-Прилеп, Д.И.(1980) од Прилеп, пријавил дека на истиот ден околу 21.30 часот, кога излегол од зградата каде што живее во близина на влезот го пресретнале две непознати лица и без никаков повод и причина, најпрво му извадиле ножеви и му се заканиле да извади се од џебовите, при што едното лице му ставило нож под вратот и почнале да го удираат по главата и телото и со ножот му нанеле огреботини на левата дланка и на вратот.
 
Од јакната од внатрешниот џеб истите му одзеле 30 евра и околу 200денари, од чорапите од левата нога му одзеле едно пакетче апчиња бубренофин, а потоа му ги соблекле и ги зеле патиките, по што едниот сторител ги облекол  патиките, а своите ги оставил и се дале во бегство.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.