Македонија
20. February 2017 - 14:27

Прилепчанец направил сообраќајка, па им се заканувал и ги гребел полицајците

Вчера вечер околу 19.00 часот во Прилеп, полициски службеник, кој работел на обезбедување на место на сообраќајна незгода, пријавил дека вербално и физички бил нападнат од Т.Ј.,еден од учесниците во истата. Т.Ј. упатувал пцовки, вулгарни зборови и закани по полицискиот службеник и неговото семејство. 
 
Кога пристигнала групата за интервенција Т.Ј. бил лишен од слобода и однесен во Итна медицинска помош Прилеп за да му се земе крв за анализа. По пристигнувањето Т.Ј. продолжил со вербални закани и навреди, а успеал и да го изгребе за десната рака. Т.Ј. го продолжил со делото во просториите на ПС Прилеп.
 
По целосно документирање на настанот, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.