Македонија
20. February 2017 - 17:18

Прилеп одбележа 73 години од „Февруарскиот поход“

 Историскиот Феврурарски поход кој се одржал од 31- ви јануари до 26-ти февруари 1941 година и кој извршил силно влијание врз понатамошниот тек на организираната македонска борба против фашистичкиот окупатор, традиционално и годинава беше одбележан во прилепско, каде, всушност биле и врвиците на борците-учесници во овој марш. 
 
Годнашната манифестација, со оглед на големото значење, имаше републички карактер, а учество на импровизираниот марш зедоа голем број членови на боречката организација, планинари од повеќе планинарски друштва, локални функционери, како и бројни почитувачи на делото на оние кои во текот на НОВ се вградија во темелите на оваа наша биднина