Бизнис
4. May 2016 - 19:13

Прилеп ќе се гасифицира најдоцна за 2,5 години

Најдоцна за две години Прилеп ќе биде гасифициран со новиот магистрален гасовод, Неготино- Прилеп, чија изградба треба да започне кон крајот на јули. Ова е третиот од четирите гасоводи во земјава чија вкупна инвестиција изнесува 90 милиони евра.
 
Гасификацијата, односно дистибуцијата на гасот до индустриските капацитети и домаќинствата во Прилеп, ќе се врши по пат на Јавно-приватно партнерство. Цената за приклучокот за простор од 80 метри квадратни, се очекува да изнесува околу 6.000 денари.
 
Инаку, досега со ваков гасовод веќе е гасифициран Штип, а во наредните триесетина дена треба да биде завршена и траста Штип- Неготино, по што ке се пристапи кон третата фаза Неготино - Прилеп.