Спорт плус
4. July 2017 - 15:57

Прием на одбојкарите во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски денеска организираше прием за македонската одбојкарска репрезентација која го освои сребрениот медал во Европската лига
 
- Од мое име и од име на Агенцијата за млади и спорт им го честитам големиот успех на нашите одбојкари. Ние и во иднина ќе работиме на подобрување и зголемување на интензитетот на соработката меѓу Агенцијата за млади и спорт и Одбојкарската федерација на Македонија. Се надевам дека до година ќе се радуваме на злато и ќе не правите уште погорди што сме Македонци, нагласи Каевски.
 
Капитенот на репрезентацијата, Никола Ѓоргиев
 
- Ова не е целат која беше посакувана. Одевме на златен медал. Разочараноста кај нас е голема. За жал ни фалат големи натпревари. Три години по ред сме втори, значи стоиме во место. Ако првата година освоивме сребрен медал, следните две, посебно оваа, изгубивме златен. Нема назад. Од тука мора да почнеме д агледаме напред. Многу малку ни фали и тоа малку не „убива“. И на Европското првенство не се пласиравме за еден сет. Што е, тука е. Останува да се бориме да донесеме злато од Европската лига и да се пласираме на Европското првенство, рече Ѓоргиев.
 
Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија Петар Јовановски му го подари сребрениот медал на директорот Каевски и изрази надеж дека следната година ќе биде освоено и златото.