Спорт плус
10. May 2016 - 12:54

Прием на каратистите во АМС

Уште еден медал од Европско во Македонија. Нашиот Емил Павлов во континуитет остварува врвни резултати на континенталните карате собири. Петото место на Наташа Илиевска во борби и Поликсенија Јовановска во кати-поединечно не се за подценување ако се знае фактот дека на овој собир земаа учество каратисти од 38 земји со повеќе од 400 натпреварувачи.
-Карате спортот е во голем подем и има голем потенцијал, за што говорат и резултатите. Имено, Емил Павлов повторно потврди дека е во самиот европски врв и миниатиот викенд повторно се израдувавме на неговите настапи и освоениот бронзен медал во категоријата до 60 килограми. Забележителни настапи имаа и останатите репрезентативци, особено Наташа Стефановска, која за влакно не успеа да освои медал и се пласираше на 5-то место. Со овој огромен успех, македонското карате продолжува да ги испишува светлите страници во својата спортска историја.
Сакам да упатам честитка до сите репрезентативци, до тренерите и целокупниот стручен штаб на карате репрезенатацијата за големиот успех и да порачам дека Агенцијата за млади и спорт и понатаму финансиски и логистички ќе го поддржува карате спортот во државата.
Голем дел од нашите репрезентативци се и носители на стипендиите, кои ги доделува АМС, како и на највисокото спортско признание, Националното спортско признание – Спортска пензија, со што им оддаваме почит и јавно признание и докажуваме дека државата се грижи и понатаму ќе продолжи да се грижи за врвните спортисти, кои ја промовираат Република Македонија на меѓународната спортска сцена. 
Имено, со овој резултат Емил ќе ја продолжи стипендијата од Светска категорија и во следните 4 години ќе добива по две просечни плати, додека пак Наташа Стефановска се стекнува со стипендија од Меѓународна категорија и во следните 2 години ќе добива во просек по 1,3 просечни плати на месечна основа.  Емил е носител и на највисокото спортско признание, популарната “Спортска пензија” и истиот по завршување на спортската кариера, ќе добива доживотен месечен надомест во висина од една просечна плата, истакна Спасески.
Селекторот Белистојановски се заблагодари за континуираната поддршка која Агенцијата за млади и спорт ја дава на каратето во Македонија потенцирајќи дека со оглед на конкуренцијата бронзата на Емил Павлов има тежина на злато.
Бронзениот од Монпеље истакна дека Агенцијата преку инвестирање во спортот, особено преку стипендиите за младите луѓе се вистинска мотивација за остварување на врвни спортски резултати и вети медал и од Светското во Линц кое е закажано за Октомври.
Импресиите од Монпеље ги пренесоа двете најуспешни каратистки со освоените петти места, Наташа Илиевска и Поликсенија Јовановска која истакна дека за прв пат Македонија учествува во полуфинални борби во кати поединечно, кои за жал не успеа да ги помине.