Македонија
21. August 2017 - 19:25

Причините за несреќата кај Велес се уште не се познати

Превртениот автобус кој вчера излета од автопатот Велес – Скопје сеуште сведочи за страшната сообраќајна несреќа, во која загина 68 годишна жена, а повредени беа останатите 27 патници.

Според досегашните анализи, 48 годишниот шофер, од засега непознати причини, изгубил контрола над превозното средство и со голема брзина прво удрил во металната ограда, а потоа излетал во провалија. 

Од туристичката агенција “Савана”, организатор на летувањето на патниците кои се превезуваа во превртениот автобус сопштија дека неколку години соработуваат со превозникот “Бус Травел”.

Велат дека во овој случај станува збор за релативно нов автобус, и очекуваат од МВР да ги открие вистинските причини за несреќата.

Основното јавно обвинителство од Велес соопшти дека причините за несреќата сеуште се утврдуваат.  

По наредба на јавниот обвинител, од возачот на автобусот е земен примерок на крв за анализа, а завршено е и прибирање на трагите пронајдени на лице место, кои ќе се користат во понатамиошната истрага.

Дополнителниот технички преглед на автобусот треба да ги каже вистинските причини за сообраќајката.