Свет
8. јуни 2017 - 14:26

При сообраќајна несреќа во Зимбабве загинаа 43 лица

Најмалку 43 лица загинаа во Зимбабве, кога возач на автобус ја изгубил контролата над возилото, по што удрило во дрво, соопшти денеска локалната полиција. 

- Ни пренесоа дека најмалку 43 лица се загинати, наведе неименувана портпаролка на полицијата на Зимбабве, објаснувајќи дека автобусот се движел по патот кон Замбија, а возачот ја изгубил контролата при влез во кривина.

Таа наведе дека несреќата се случила синоќа, во близина на границата со Замбија.