Свет
16. January 2016 - 18:00

При напад на ИД убиени најмалку 35 сириски војници

Најмалку 35 сириски војници и припадници на паравоените формации лојални на престедателот на Сирија, Башар ал Асад, загинаа денеска при напад на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во градот Дејр ал Зур, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права. 

Според истиот извор, борци на ИД навлегле во северниот дел на Дејр ал Зур и ја освоиле населбата Багалија, со што презеле контрола врз 60 проценти од градот.

Меѓутоа сириските државни медиуми јавија дека владините сили го одбиле нападот на ИД и им нанеле сериозни загуби на џихадистите.

Од друга страна, ОН денеска соопштија дека имаат непотврдени сознанија оти меѓу 15 и 20 лица во Дејр ал Зур починале од глад. Според ОН, околу 200.000 жители на градот се соочуваат со недостиг на храна, води и останати основни намирници.

Силите на ИД лани во март го зазедоа западниот дел од Дејр ал Зур и од тогаш во градот не е стигната никакава хуманирана помош. Градот веќе 10 месеци е без струја, а вода има по околу три часа неделно.