-->
-->
ПРФЛ: Вардар - Шкупи во вечерен термин, без гостински навивачи
-->
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска го објави делегирањето на делегати за воведното коло во Првата лига, според кое вардарци својата одбрана на трофејот ќе ја започнат во вечерен термин од 20 часот.
По препорака на Министерството за внатрешни работи и ФФМ, одлучено е дербито да нема гостински навивачи и поради стравувањата од можни инциденти.
Натпревар кој ќе се игра на арената Филип Втори ќе започне од 20 часот, додека во терминот од 17:30 ќе стартуваат дуелите:
Шкендија – Младост Царев Двор (стадион Чаир),
Металург – Силекс (стадион Борис Трајковски),
Хоризонт Турново – Ренова (стадион Турново).
Колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата во Штим меѓу Брегалница и Работнички, поради настапот на „Романтичарите’’ утре во Лига Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок