Македонија
21. July 2015 - 16:43

Презентиран проектот за новата музејска поставка во Кинотека на Македонија

Промовирана новата музејска музејска поставка во Кинотеката на Македонија. Од приваниете проекти на распишаниот конкурс стручната комисија  прифати  три трудови. Првата  награда  ја додели на проектот  од авторите  Медина Гициќ  и Елена  Ивановска. 

Проектот е дел од Акцискиот план на Владата за Националната установа „Вардар филм Македонија“.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска  рече дека се работи за исклучително значаен проект кој е дел од програмата на Владата на Република Македонија., кој ќе овозможи  соодветна заштита и промоција на вредни експонати кои имаат историска вредност  за македонската кинематографија и култура.

Новата постојана музејска поставка на површина од 800 м2, во која ќе биде претставена севкупната слика на развојот на македонската кинематографија .  

Музејската поставка ќе биде завршена идната година и ќе биде промовирана во рамки на чествувањето на јубилејот 40 години постоење на Кинотеката на Македонија.

Марина Ристовска