Македонија
4. January 2016 - 8:27

Презентација на Програмата за Вевчанскиот карневал 2016

Општина Вевчани денеска ќе информира за престојниот Вевчански карневал 2016 кој традицонално се одржува по повод празникот Василица.

На прес-конференција на која ќе учествува и градоначалникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски, ќе бидат соопштени новинитие и целосната програма за карневалот. 

Вевчанскиот карневал има традиција од над 1.400 години и се смета за една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во Македонија. Се оддржува на 13 и 14 јануари спроти првиот ден од Новата година, според стариот Јулијански календар.

Од 1993 година Вевчанскиот карневал и Вевчани се членови на ФЕЦЦ - Асоцијација на светските карневалски градови.