Македонија
11. March 2016 - 8:33

Презентација на наодите од пректот на ЕПИ за социјална заштита

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје денеска ќе го одржи завршниот настан од проектот „(Не)еднаквостите во социјалната заштита” на кој ќе се презентираат наодите од истражувањето за интерсекциските нееднаквости во социјалната заштита во Македонија и Босна и Херцеговина.

На настанот ќе учествуваат претставници од граѓанскиот сектор кои работеле истражувања во рамки на Регионалната програма за промоција на истражувањата, кои фрлаат светло на различни аспекти на нееднаквостите во Македонија и во Jугоисточна Европа. 

Проектот е поддржан од Регионалната програма за поддршка на истражувањето во Западен Балкан, а се спроведува во соработка со партнерската организација Аналитика-Центар за општествени истражувања од Босна и Херцеговина.