Македонија
14. December 2017 - 8:57

Презентација на извештајот „Омбудсманот - меѓу граѓаните и институциите“

Во Куманово денеска ќе биде презентиран мониторинг извештајот „Омбудсманот - меѓу граѓаните и институциите“, односно наодите од мониторингот на работата на Народниот правобранител и од фокус-групите организирани со новинари и граѓански активисти од Струмица, Штип, Битола, Тетово и Скопје.

Пред присутните ќе се обратат заменик – народниот правобранител во Регионалната канцеларија во Куманово Насер Весели, извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска, извршната директорка на НВО Инфоцентар Билјана Бејкова и новинарката Гордана Дувњак.

Во рамки на презентацијата, која е во организација на НВО Инфоцентарот и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, ќе има и дискусија во врска со работата на Омбудсманот.