Македонија
20. May 2017 - 9:40

Претставување на македонската современа поезија и проза на Саемот во Варшава

На Меѓународниот саем на книгата во Варшава, денеска ќе биде претставена  современата македонска поезија и проза.

Поздравно обраќање до присутните ќе има амбасадорката на Република Македонија во Варшава Горица Атанасова-Ѓоревска, а осврт за современата македонска книжевност ќе има проф. д-р Лила Мороз-Грзелак од Полската академија на науки.
 
На книжевната средба ќе настапат афирмираните македонски автори Блаже Миневски, Јовица Тасевски-Етернијан и Владимир Илиевски, кои ќе ги читаат своите текстови на македонски јазик, а нивните дела преведени на полски јазик ќе ги интерпретира Марко Шапкаров Орловски, преведувач и писател.
 
Модератор на книжевната средба ќе биде Пјотр Добролецки, издавач, новинар, главен уредник на списанието „Книги“ (Książki) и на списанието за литература „Остров“ (Wyspa), а на настанот учествуваат и Барбара Крамар, преведувачка и експерт за односи со јавноста и со медиумите.
 
Овој централен настан на македонското претставување на Меѓународниот саем на книгата во Варшава е во организација на Н​ационалната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје и Амбасадата на Република Македонија во Варшава.