Претставничкиот дом на САД усвои нови санкции кон Русија, Иран и Северна Кореја
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа со големо мнозинство усвои предлог закон за воведување дополнителни санкции кон Русија, Иран и Северна Корека, и покрај противењето на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Законот беше усвоен со 419 гласови „за“ и само три „против“, при што беше поддржан и од репѕбликанците на Трамп и од демократите.
Согласно процедурата, законот сега треба да биде поддржан и од Сенатот, по што на крајот треба да го одбри претседателот Трамп, кој има право и да стави вето на документот.
Сенатот засега не најави кога овој предлог закон ќе се најде на разгледуввање во овој дом на Конгресот, додека Белата куќа само кусо соопшти дека Трамп се уште не решил дали ќе го одобри законскиот текст.
Со законт, покрај дополнителните казнети мерки кон трите земји, се усложнува и процедурата за можно укинување на санкциите од страна на претседателот. Со измените, Трамп не ќе може да донесе одлука за укинување или олеснување на санкциите кон која било од трите земји без одобрение на Конгресот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација