Свет
19. May 2016 - 8:38

Претставничкиот дом на САД одобри 622 милиони долари за борба против вирусот зика

Долниот дом на Конгресот на САД доцна синоќа усвои нацрт-законот со кој се одделуваат 622,1 милиони долари за контролирање на ширењето на вирусот зика.

Оваа сума е многу помала од 1,9-те милијарди долари, кои ги побара претседателот Барак Обама, а таа е помала и од 1,1-те милијарда долари, предвидени со сличен нацрт-закон усвоен претходно од Сенатот на Конгресот.

Претставничкиот дом ја одобри својата верзија со 241 глас „за“ и 184 „против“, а гласањето во голема мера беше по партиска линија.

Белата куќа го повика претседателот демократ да стави вето на овој закон. И во двата дома на Конгресот на САД доминираат пратеници од редовите на Републиканската партија. Сега тие треба да усвојат усогласена верзија на законот.

Администрацијата на Обама бара околу две милијадри долари за истребување на комарците, преносители на зика и за проиводство на вакцина против вирусот.