Свет
28. July 2017 - 8:31

Претставничкиот дом на САД го одобри зголемувањето на воениот буџет

Претставничкиот дом на Конгресот на САД го одобри нацрт-законот за буџетски трошоци, со кој се предвидува зголемување на воените средства за 68 милијарди долари, како и 1,6 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико, едно од главните предизборни ветувања на американскиот претседател Доналд Трамп. 

Конгресмените нацрт-законот го одобрија со 235 гласови „за“ и 192 гласови „против“.

Со законот на Пентагон му се одобруваат 658,1 милијарда долари за следната фискална година, што е за 68,1 милијарда повеќе во споредба со досегашниот воен буџет и за 18,4 милијарди над сумата побарана од претседателот.