Претставата „Мечка“ премиерно утревечер во Театар Комедија
Претставата „Мечка“ од А.П.Чехов во режија на Димче Николовски премиерно ќе биде изведена утревечер во Театар Комедија. Претпремиерната изведба ќе биде вечер.
Директорката на Театар Комедија, Мирјана Поповска Ристов денеска на прес-конференција истакна дека сценографијата е на Сергеј Светозарев и Милан Несторов, костимографијата на Марта Дојчиновска, а музиката е на Димитар Андоновски. Таа рече дека до крајот на годинава ќе имаат уште две премиери.
Николовски рече дека „Мечка“ му е најубавата претстава во неговиот живот. Посочи дека станува збор за комедија која е направена низ гледната точка на учесниците во претставата и се занимава со почеток на една љубов.
- Се потрудивме максимално да се почувствуваат тие разлики во реалностите кои ги доживуваме за истите работи кога станува збор за различни улоги. Се работи за карактери кои се многу невозможни за да се случи меѓу нив некаква интеракција. Се надеваме дека ќе успееме да забележите колку може да биде силна љубовта и да ги привлече тие кои не се привлекуваат, рече Николовски.
Појасни дека претставата е вонвременска, ги нема проблемите на денешницата или проблемите на времето во кое и за кое е пишувана.
- Но, заради нејзината класичност сите тие работи важат и денес што би значело дека ниту љубовта ја имаме разбрано подобро ниту ние сме станале подобри од тоа време, кога има многу пострашни работи за сите тие сталежи и касти кои денес според мене, лажно мислиме дека сме ги надминале, додаде Николовски.
Во претставата играат и Жаклина Петровска во улогата на Попова и Илија Илиоски во улогата на Лука.
Уметничкиот раководител на Театар Комедија, Сашо Ристовски посочи дека до крајот на годинава ќе имаат уште две премиери и тоа во ноември и декември.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи