Претставата „Автобус“ наградена со Гран-при на фестивалот „Гола месечина“
Претставата „Автобус“ на Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија е добитник на наградата Гран-при за најдобра претстава на Третото издание на Интернационалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“.
Наградата за најдобра режија потхумно му се доделува на Сулејман Купусовиќ за „Балкански шпион во Сараево“, во продукција на Народното позориште во Сараево.
За најдобар актер е избран Павле Пекиќ, кој го глуми ликот на Елинг во истоимената претстава која е во продукција на Белградското драмско позориште, додека наградата за најдобра женска улога ја понесе Ејла Бајовиќ за ликот на Даница Чворовиќ во претставата „Балкански шпион во Сараево“.
За наградите одлучуваше тричлено жири составено од Лилјана Мазова, Славен Видак и Димче Николовски.
Фестивалот „Гола месечина“ завршува вечерва со претставата „Нешто пропуштаме“ на Театар Комедија, која ќе биде изведена во чест на наградените.
„Гола месечина“ почна на 20 јуни, а на сцената на СЦ „Ново Лисиче“ беа изведени осум претстави: „Автобус“, „Балкански шпион во Сараево“, „Елинг“, „Хамлет од Горно Дупени“, „Парламентарки“, „Жорж Данден“ и „Нешто пропуштаме“, како и претставата „Македонска приказна“ на Театарот за деца и младинци, кому стручното жири му додели пофалница заради умешноста во изведбата, шармот и енергијата што ја носи претставата.
Фестивалот се одржува во организација на Театар Комедија, со поддршка на Министерството за култура и општина Аеродром.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите