Свет
16. April 2017 - 11:43

Претседателските избори во Франција под силно обезбедување

Повеќе од 50.000 полицајци и жандарми, поддржани од страна на војници од операцијата „Сентинел“, ќе бидат мобилизирани за безбедноста на претседателските избори идната недела во Франција, изјави министерот за внатрешни работи Матијас Фекл во интервју за „Журнал дуи диманш“.

Покрај терористичките закани, безбедносните сили, исто така, ќе се грижат да ги спречат евентуалните  "изливи или нереди од екстремистите од сите бои" меѓу двата круга на гласањето за претседател на Франција, кои ќе се одржат на 23 април и 7 мај, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Терористичката закана е "постојана и нависоко ниво, нешто што беше потврдено со актите во Лондон, Стокхолм и на други места", вели францускиот министер за внатрешни работи, кој објавува дека дека во текот на  март имало "19 антитерористичка апсења", во Франција.

За да се обезбедат 67.000 избирачки места ", ќе бидат мобилизирани повеќе од 50.000 полицајци и жандарми, поддржани од околу 7.000 војници од операцијата „Сентинел“. 

Со оглед на ризиците на мобилизацијата која може да ги предизвикаат резултатите од првиот круг на гласањето и можното присуството на Марин Ле Пен (кандидатката на крајно десничарскиот Национален Вронт) во вториот круг, Матијас Фекл вели: "Без оглед на сценариото, Републиката нема да го толерира нарушувањето на јавниот ред."

За да се спречи хакерство, "ние ја зајакнавме безбедноста на преносот на резултати", додаде притоа министерот.

Додека министерот за внатрешни работи, Матијас Фекјл, најави посебни мерки за безбедноста на претседателските избори, бидејќи некои кандидати стануваат можни цели на конкретни терористички проекти.

Тајните служби и Париското обвинителство, одговорни за борбата против тероризмот, се во „воена состојба“. Според една статија  во весник „Журнал ди диманш“ кандидатите на претседателските избори можат да биде предмет на терористички закани. Така, им се испратени белешки на некои директори на кампањата, посебно на Франсоа Фијон и Емануел Maкрон, пишува весникот.

"За неколку дена бевме информирани за закана против Франсоа Фијон. Нас ни беше кажано дека ќе има и полициско засилување, на секој митинг или при секое патување", изјави близок на кандидатот во контакт со неделниот весник. 

Специјалните полициски сили за интервенција,  снајперисти, засилување на полицијата деминери ... Сите овие единици се мобилизирани при секој состанок или секое патување. Оваа операција се однесува главно за "големите кандидати": Беноа Хамон, Марин Ле Пен, Жан-Лук Mеланшон. Меланшон исто така е информиран за засилените безбеднони мерки, што не е потврдено од неговото опкружување. 

"Малите кандидати", не располагаат со истите безбедносни мерки, ова според еден член на изборен штаб кој остана анонимен.