Македонија
6. October 2016 - 17:11

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во САД имаше средби со конгресмени, сенатори

Актуелната политичка состојба, изборите како процес за излез од политичката криза, предизвиците со мигрантската криза, и полноправното членство на Македонија во НАТО, биле клучните теми на кои Лидерот на ВМРО ДПМНЕ и членови на партиското раководство разговарале на серијата средби со конгресмени во САД.

На средбата со Конгресменот Кристофер Смит, Груевски и ВМРО ДПМНЕ добиле силна поддршка за политиките на дејствување. Смит посочил дека изборите се процес кој ќе го верифукува она што граѓаните го сакаат.

Конгресменот Смит посочил дека Македонија најитно мора да стане полноправна членка на НАТО и дека САД мора да го засили својот ангажмани во поддршка на тој процес, веднаш по изборот на новиот Американски претседател.

Груевски и Николовски и Ѓорчев разговарале и со доскорешниот заменик државен секретар и поранешен потсекретар за политички прашања во Стејт Департментот Венди Шерман, како и со Елен Ташер која беше потсекретар на Хилари Клинтон и долгогодишен конгресмен на државата Калифорнија.

Партиската делагација на ВМРО ДПМНЕ предводена од Никола Груевски присуствувала и на вечера со овеќе конгресмени, сенатори, луѓе со влијание врз јавното мислење и политичкиот живот на САД.