Македонија
26. јуни 2016 - 16:57

Претседателот на СДСМ аболиран за криминал, до себе ги држи и другите криминалци

Осуденици за сериозен криминал, осомничени за убиство во обид, познати лица од скопското подземје. Вака изгледа друштвото на лидерот на СДСМ Зоран Заев, пишува Курир повикувајќи се на официјални информации добиени од МВР.

Ердоан Џафероски стана познат во македонската јавност кога минатата недела по тепачка во селото Св. Петка со пиштол се обидел да убие едно лице.

По пукањето Џаферовски се дал во бегство и полицијата се уште трага по него. На социјалните мрежи тој не криел дека е близок со Заев и раководството на СДСМ редовно обвјавувајќи фотографии со нив, но и фотографии од протестите на кои редовно учествувал.

Во бегство како што пишува Курир е и уште едно лице од друштвото на Зоран Заев, пишува Курир.

Станува збор за Дејан Трајковски викан „близнак“ кој според информациите од МВР, пред неколку месеци се обидел да убие едно лице по расправија во скопски ноќен клуб. Според полицискиот записник, тој со остар предмет го прободел лицето директно во главата, при што му го пробил черепот и му нанел тешки повреди. Трајковски од претходно и е познат на полицијата како сторител на разни кривични дела.

Но покрај лицата кои се во бегство, во друштвото на Заев има и осуденици кои одлежуваат затворски казни. Еден од нив е Захир Беќири Чауш, човекот обвинет за фабриката за афери на СДСМ.

Курир пишува дека од СДСМ нема одговор дали Заев контактира со лицата кои ги бара полицијата ниту пак коментар околу криминалното друштво на лидерот. Зоран Заев е аболициран за криминал тежок од 8 милиони евра за случајот Глобал, а се соочува и со две обвиненија, од кои едното за поткуп од 200.000 евра а другото за Пуч, па како што пишува Курир, не треба да зачудува фактот што криминалците се дружат меѓу себе.