Спорт плус
12. December 2017 - 9:01

Претседателот на МОК, Тупурковски на средба со шеикот Ал-Сабах

 
Вчера во Приштина, делегацијата на Македонскиот олимписки комитет (МОК), предводена од претседателот, д-р Васил Тупурковски, генералниот секретар д-р Сашо Поповски и спортскиот директор Владимир Богоевски, оствари официјална средба со Шеикот Ахмад Ал-Фахад Ал-Сабах, кој е претседател на Светската Асоцијација на националните олимписки комитети, односно претседател на Азиските олимписки комитети и претседател на Олимписка Солидарност на Меѓународниот олимписки комитет.
 
На средбата се зборуваше за проширувањето и зголемувањето на помошта која македонските спортисти - потенцијални олимписки кандидати ќе ја добијат преку МОК за реализација на своите планови и програми, за подготовки и учество на меѓународните спортски натпревари, посебно на квалификациските преку кои ќе треба да изборат учество на Олимписките игри Токио 2020 година.
 
Исто така беше договорено во многу спортови и за многу Национални спортски федерации да се обезбеди учество во спортските кампови во високо развиените спортски држави како и користење на спортските кампови на Меѓународните спортски федерации.