Македонија
19. September 2017 - 16:05

Претседателот на „Македонски Егеј“ на листата на СДСМ во Штип како претставник на здружението!?

Македонците со потекло од Егејска Македонија, членови на Здружението „Македонски Егеј“ од Штип, протестираат на одлуката на нивниот претседател Јордан Тунев, да се кандидира за советник на листата на СДСМ за претстојните локални избори како претставник на Здружението. Со тоа, според нив, е направено грубо кршење на статутот на Здружението.

-Таква одлука Собранието на Здружението никогаш не е донело и никој не му дал право на Јордан Тунев да го злоупотребува името на Здружението на партиската листа на СДСМ во Штип- изјави Коце Харизанков, член на „Македонски Егеј“-Штип

Членовите на „Македонски Егеј“ имаат право да бидат членови на одредени политички партии и да учествуваат во изборни кампањи, но само како граѓани.

- Поради тоа, бараме итно и безусловно да си поднесе оставка, а Собранието итно да го разреши од функцијата претседател, поради злоупотреба на службената положба и овластување- додаде Харизанков

Во реакцијата на СДСМ- Штип, стои дека, Јордан Тунев на листата за советници на широката коалиција е кандидиран како граѓанин.