Македонија
7. April 2016 - 16:11

Претседателот на ГРОМ, Стефчо Јакимовски, најави дека во СДСМ допрва следи внатрешна борба помеѓу противниците на Заев и неговите приврзаници

Граѓанската опција на Македонија ја поздравува одлуката за распуштање на Парламентот и изборите на 5 јуни како најдобро решение за излез од политиката криза. ГРОМ на Стевчо Јакимовски, оценува дека стравот на СДСМ од избори е поради тоа што огромното мнозинство граѓани не ја поддржува нивната деструктивна политика.
 
Поддршка за изборите на 5 јуни дава и Социјалдемократскиата унија на Македонија, партиите од Коалицијата за подобра Македонија, и други политички партии.
Зад одлуката за бојкот на изборите засега застануваа колаиционите партнери на Заев, Демократскиот сојуз на Павле Трајанов и ДОМ на лиле Поповска, како и Унитети на Гзим Острени.
Својот став се уште официјално го нема соопштено ВМРО  Народна на Љубчо Георгиевски.