Македонија
14. January 2017 - 16:14

Претседателот Иванов во работна посета на Египет

Потребен е нов модус што ќе овозможи и одржување на безбедноста и почитување на човековите права и слободи, затоа што сегашниот концепт покажува дека во обидот да се обезбеди безбедноста од глабалниот тероризам, современата држава го стеснува просторот на човековите права и слободи. Оваа порака од Каиро, Египет ја испрати Претседателот Ѓорге Иванов, кој учествува на  Форумот организиран од  Александриската библиотека, на кој присуствуваат и голем број политичари, поранешни шефови на држави и премиери.

Иванов го потенцираше примерот со Македонија, која проггласуваќи кризна состојба на границиата, за разлика од други држави, никогаш не ја употреби кризната состојба како инструмент за ограничување на човековите права.

Иванов во Каиро потсети на многубројните жртви во арапскиот свет, особено на страдањата на милионите христијани како резултат на терористичките напади. За овие жртви вели, Иванов речиси никој не зборува во Западна Европа.

Речиси седум години подоцна, по арапската пролет, која во Египет почна на 25 јануари, животот овде во Каиро е нормализиран, но стравот се уште се чувствува на секој чекор, За тоа сведочат огромниот број безбедносни процедури, како на улиците, така и за влез во кој било јавен објект.

Иванов овде во Каиро, за време на работната посета на Арапската Република Египет, ќе има средба и со египетскиот претседател Абдел Сиси.