Македонија
5. December 2016 - 10:26

Претседателот Иванов во посета на Штип

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе престојува во Штип каде што ќе ги посети на припадниците на Армијата на Република Македонија во касарната „Јане Сандански“.

Како што соопшти кабинетот на претседарелот, Иванов во рамки на престојот во Штип ќе присуствува и на свечената академија по повод 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, што ќе се одржи во црквата „Свети Климент“ во населбата Сењак.