Претседателот Иванов во посета на Бразил
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во официјална посета на Федеративна Република Бразил.
Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, утре во Бразилија со највисоки државни почести ќе биде примен од претседателот на Федеративна Република Бразил, Мишел Темер.
Во рамки на официјалната посета на Бразил, Иванов ќе присуствува на свеченото отворање на Амбасадата на Република Македонија во Бразилија, прва резидентна македонска Амбасада во Латинска Америка.
За време на официјалната посета на Федеративна Република Бразил, предвидено е претседателот Иванов да оствари средби со Пауло Скаф, претседател на Федерацијата на индустрии на Сао Паоло и Едуардо Виера, претседател на Федерацијата на индустрии на Рио де Жанеиро.
Македонскиот претседател ќе одржи предавање на тема „Европската бегалска криза - научени лекции" во Бразилскиот центар за меѓународни односи.
Ова е прва официјална посета на претседател на Република Македонија на Федеративна Република Бразил и на Латинска Америка.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари