Македонија
8. December 2016 - 8:49

Претседателот Иванов на свечената литургија по повод Св. Климент

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска, по повод државниот празник 8 Декември - Свети Климент Охридски и одбележувањето 1.100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, ќе присуствува на свечена литургија и ќе положи цвеќе пред споменикот на „Свети Климент Охридски“.

Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, е покровител на чествувањето на 1.100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски, во чии рамки  годинава беа одржани повеќе академии, бројни научни собири, ликовни изложби, културни манифестации и симпозиуми.