Бизнис
5. October 2015 - 20:55

Претседателот Иванов на средба со владиниот тим за привлекување странски инвестиции

Политиките за привлекување странски инвестиции се договараа во кабинетот на престедателот Иванов.. Со засилена економска агенда ќе се настапи и наредната година. Ќе се интензивираат контактите и ќе се одредат државите од каде се очекуваат нови инвестиции.  Успешна година се очекува да биде и следната .

Ангажманот на страанските промотори,  но и   посетите на владниот тим со премиерот Груевски – до сега се покажаа како успешни . Само оваа година најавени се 20 нови компании  од кои дел веќе почнаа да ја реализираат својата инвестиција.

Официјалните бројки говорат дека од почетокот на годината до јули  директни инвестиции изнецуваат 124,9 милиони евра. До сега , само  комапниите кои се лоцирани во зоните отворија 13. 400 нови работни места. Бројката во  наредните години се очекува двојно да се зголеми.